АктуелноОхрид

Утре се сади Божиќна пченица

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува со семејството како и со одење на црковна богослужба.Секако на овој голем христијански празник трпезата е празнична и полна, но домаќинките најчесто забораваат на еден детал кој задолжително треба да го има на божиќната трпеза.
Имено станува збор за Божиќната пченица која се посадува утре, односно на 17 декември на празникот света Варвара кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите, а постапката е многу лесна. Потребно е пченицата да стои натопена во вода една ноќ, потоа во плитка чинија ставете земја и на неа нанесете ја пченицата, а потоа врз зрната додадете уште малку земја. Посадената пченица треба да ја попрскате и тоа да го правите секојдневно. За да порасне треба да биде на собна температура.

Исто така пченицата која сте ја посадиле можете да ја прекриете со памучна ткаенина натопена со вода, но кога ќе се појават првите никулци, треба да се тргне за да може пченицата да никне.

Се препорачува домаќинките сами да ја посадат оваа пченица која носи бериќет. Се посадува пред Божиќ за да има време да порасне до Божиќ. Според старото верување треба да израсне зелена и бујна, за таква да биде и жетвата во текот на целата година.