На Градскиот плоштад, вчера, 10.12.2024 година се одржа традиционалниот предновогодишен германски базар. На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна, се претставија и учениците од нашата Гимназија кои го изучуваат германскиот јазик, но истовремено се и љубители на германската култура.
Со желба да се долови предновогодишната магија, на овој базар, учениците од повеќе училишта, меѓу кои и нашата Гимназија понудија:
Креативни рачни изработки и храна
Забавна програма со песни и игри
Топла празнична атмосфера