Изразувам голема благодарност до делегациите од нашите збратимени и пријателски градови кои со нивното присуство ја збогатија прославата по повод Св. Климент Охридски- Патрониот на Охрид. Благодарам и на оние кои не беа во можност да присуствуваат и ни испратија срдечни честитки.
Се радувам на идните средби и соработки за кои разговаравме во овие неколку денови, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.