АктуелноОхрид

Полицијата пронашла патничко возило „нисан“ без регистарски таблички, натоварено со огревно дабово дрво

На 08.12..2024 во 23.00 часот, при извршени контроли, полициските службеници од полициското одделение во кичевското село Осломеј, на локален пат во селото пронајдоа патничко возило „нисан“ без регистарски таблички, натоварено со огревно дабово дрво. Возилото со дрвната маса се одземени и предадени на Шумска полиција од Кичево за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: Архива