Сообраќајна несреќа кај Ново Село, општина Дебрца интервенирале две амбулантни возила и против пожарната служба. Дознаваме дека во несреќата учествувало обезбедувањето на Африм Гаши.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски потврди дека дел од обезбедувањето на Африм Гаши излета од патот во Општина Дебрца.
„Во несреќата повредени се три лица и истите се пренесени во болница“, вели за Охрид 1, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тојцата повредени од обезбедувањето се хоспитализирани во болницата Свети Еразмо кај Охрид.
По несреќата конвојот на Претседателот на собранието пристигна во Охрид и на кратко запрен сообраќајот во градот.