На 04.12.2024 во 21.30 часот, при контрола во интернет кафе во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, во помошна просторија пронашле три пакувања со марихуана.
Извршен бил увид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.