Синоќа со вечерна Богослужба и отпевање на празничните лебови започна одбележувањето на големиот христијански празник Воведение на Пресвета Богородица, во истоимениот новоизграден храм во населбата Рача во Охрид.
Додека денес во раните утрински часови се оджра утринска Литургија со која служеше отец Марко, а храмот беше посетен од голем број верници.
Новоиградениот храм Воведение на Пресвета Богородица се наоѓа во населбата Рача, веднаш во непосредна близина на патот кој води кон Св.Наум.
Се влегува ведаш од уличката која води до подрачното основно у чилиште „Григор Приличев“ и ведаш од тука погледот веќе може да го долови овој велелепен храм кој се идигнува во висините. До него ќе стигнете по тесна и нагорна уличка која е адаптирана да се дојде со моторно возило до смото место.
А горе, е веќе тука се протега еден посебен видик, ве обзема една посебна енергија која ви ја полни душата и очите кога ќе се погледне езерото од едната страна и градот Охрид кој се пресликува во него.
Храмот ја оддава сета таа топлина за душата и телото каде со самото влегување се соединувате со него. Оваа црква се наоѓа во низата кукучки кои го сочинуваат населеното место Рача. Внатре се протега еден голем простор кој дава мир и спокој на душата. Црквата е релативно нова па ќе треба време да се доопреми нејзината внатрешност со поставување олтар и фрскоживописување.