Ј.П.„Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и дел од ул.,,Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул.,,Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од улицата)
Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид ќе започне со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од определени 4 (четири) улици
Редакцијадекември 4, 2024
posted on











