АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Идентификувани и преслушани лицата кои учествуваа во тепачката за Денот на албанското знаме во Охрид

По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Охрид идентификуваа шест лица кои на 28.11.2024 во 23.20 часот на крстосницата од булеварот „Македонски просветители“ со улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушија јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На разговор се повикани  лица на (24), (18), (23), (28), сите од Охрид, како и двајца 17 – годишници, едниот од Охрид, а другиот од Струга. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)