На 28.04.2024 во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49 годишен Охриѓанец. Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.