среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Охриѓанец измамен за 730 илјади денари со биткоини

На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54 – годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024, се преставило како преставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари.

Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за инфо кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека највероајтно се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.