АктуелноОхрид

Пријавени штети по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.

Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:

– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.

РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања.

Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.