На 13 ноември во клубот на ЗП Охрид и Дебарца беше промовирана првата книга напишана од пензионираниот учител Доне Цуцулоски со наслов „Од Малесија до Австралија и Америка“
Книгата е автобиографска творба на која писателот, кој на многу едноставен , вистинит, народен разбирлив говор го опишува своето живеење во малесија, Охрид, а потоа и во Австралија и Америка, кога заминува на печалба. Своето живеење на овие места самиот автор го споредува со животот во овие различни и далечни средини.
Јазикот на кој е напишана оваа книга е многу разбирлив лесен прав македонски и достапен за секој читател. На промоцијата беше прочитан еден мал извадок од книгата – моменти при заминувањето за Австралија кој побуди силни емоции кај сите присутни, при што предизвика и излив на солзи и кај самиот автор на делото. Авторот Доне Цуцулоски прочита и две поетски творби за кои беше награден со долготраен аплауз, како благодарност за неговиот труд и посветеност за творење.
Книгата беше многу добро прифатена и побуди голем интерес и барање за нејзино читање од големиот број пензионери присутни на промоцијата.
За оваа книга Цуцулоски доби признание и награда од СЗПМ , а во зак на почит беше повикан за учествува во програмата на прославата на 78 години од формирањето на Сојузот на пензионери на Македонија, во Скопје.
ЗП Охрид и Дебарца,
Комисија за информирање.