Наш ИзборНаш изборОхрид

Недела за грижа на стари лица

Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува
🧓НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА🧓, под мотото „Сите сме нивни деца“.
Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности ✅.
🙌На иницијатива на Клубот на млади, а во соработка со волонтерите на „Најди време” и Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, на 18.11.2024, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа предавање на тема дијабетес, насловено „Разбивање на бариерите, премостување на празнините”. Предавањето го одржа д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје 😁🤗.
🩸По предавањето, на присутните им беше овозможено мерење на шеќерот во крвта 👏.
😊Им се заблагодаруваме на предавачот и на присутните.