АктуелноОхрид

ТРАЈАНОВСКИ: Нема да има застој во асфалтирањето на автопатот Кичево-Охрид и во зимски услови

Нема да има застој во асфалтирањето на автопатот Кичево Охрид и во зимски услови. Градежните компании кои работат на овој пат, но и на делницата Страцин кон Длабочица набавили адитиви за асфалтирање на ниски температури. Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски вели дека градежната сезона за овие делници нема да застане од ноември до март.

Активно се работи на автопиштата кои ги работи „Бехтел и Енка“, се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а до селото Црвец направен е проектоти се прави евалуација на предквалификација, а истовремено се проектира и патот од Црвец до Букојчани, а ова проектирање треба да заврши во февруари 2025. Во тек се и преговори Македонија со Албанија да биде поврзана со тунел.

Се прави и студија за исплатливост на скапата делница Скопје-Блаце на која има повеќе тунели и вијадукти, а тендерската постапка би требало да се објави во арил или мај наредната година. Трајновски најави дека обиколници конечно ќе добијат Кавадрци, Ресен и Битола, а на македонските патишта да нема запирање ќе се воведат и повеќе тагови на патарините за наплата со трансакциските сметки на возачите.

 

denesen.mk