АктуелноОхрид

Почна да се снима филмот „Охридски лудории“

Педесеттина музичари, од кои петнаесеттина естрадни уметници од македонската фолк-сцена, како и десеттина глумци ќе бидат дел од долгометражниот филм „Охридски лудории“ што од денеска почна да се снима во Охрид.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција свикана по повод удирањето на првата клапа на филмот, станува збор за прво вакви филмско остварување во замјава, мјузикл осмислен да ја промовира македонската фолк-музика, домашните уметници и македонската музика и песна.

Филмот е идеја на Александар Тасевски, уметник од оркестарот „Маестрал“, продукција и режија на „Централ продукција“ од Тетово, а ќе се работи во организација на Благоја Стојановски – Пикси и Хари Сековски.

Идејата за ваков филм постои кај нас одамна, така што сметам дека редно беше едно вакво филмско остварување да доживее своја реализација, рече сценаристот Тасевски.

Стојановски од своја страна верува дека бројната екипа соработници што ќе работи на филмот ќе успее да направи убав игран филм, чииј промоција е најавена за август следната година.

За учество во филмот веќе е ангажирана бројна екипа, со уметниците Благојче Стојановски –Туше, Зорица Дончев, Дани Данијела, Ташко Каранфиловски, Слаѓана Столеска, Бети Сековска како и актерите Марјан Коцев, Занко Зш Голабоски…

Организаторите во оваа прилика испратија и повик до сите колеги од фолк-естрадата да се вклучат во реализацијата на филмот, чија завршница како што беше најавено е предвидено да биде заокружена со голем музички спектакл, фестивалска претстава со учество на повеќе од 20 уметници од домашната фолк-сцена.

Извор: РЕПУБЛИКА