Охридските боречки надежи од Б.К. Аждер, водени од тренерот Илија Спасески продолжуваат со учествата на турнирите низ Македонија, па така овој викенд се бореа на турнирот во Штип од каде се вратија со медали и стекнати нови искуства
Борачите од Б.К. Аждер од Охрид се вратија со освоени медали од турнирот кој викендов се одржа во Штип, каде се натпреваруваа Христијан Вршковски Лука Колевски кој освои трето место, и единствената девојка натпреварувач од Охрид, Теа Донева која исто така освои трето место.
Иако реалитвно нов клуб, кој практично својот развој го почна од нула, Боречкиот Клуб Аждер силно се движи напред, а младите борачи од овој клуб учествуваат на турнирите низ Македонија , но учество зедоа и на Балканското првенство.
Борењето во Охрид е спорт кој постои само две години. Во градот овој спорт го донесе Илија Спасески кој го основа Борачкиот Клуб Аждер, во кој втора година тренираат повеќе момчиња на различна возраст кои имаат прилика да го научат овој спорт, но и прилика „рамо до рамо“ да се натпреваруваат со најдобрите борачи во државава преку соработките кои клубот „Аждер“ ги има со најдобрите македонски клубови.
Покрај младите надежи во Б.К. Аждер со борењето преку рекреативно спортување се запознаваат и повозрасни луѓе, кои за жал во минатото немале прилика да го тренираат еден од најстарите олимписки спортови бидејќи во Охрид до сега не постеше боречки клуб.
Ohrid1.com
Фото: Б.К. Аждер Охрид