Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза. Денес се поставува првиот слој на асфалт.
Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.
Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, пишува градоначалникот во својата објава.