сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Градежните работи за проширување на патот Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, се одвиваат според планираната динамика

Градежните работи за проширување на патот Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е дел од Коридорот 8, се одвиваат според планираната динамика, објави албанскиот премиер Еди Рама.

Овој патен правец се смета за еден од најважните во државата, пат кој ќе ги поврзува Драч-Елбасан-Либражд-Ќафасан, за да продолжи понатаму кон Македонија и Бугарија. Од инвеститорот беше побарано изградбата да ја подели во неколку фази, со што реализацијата на работата ќе биде пофлексибилна, како од менаџерска, така и од економска страна, напиша Рама на социјалните мрежи.

Патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час. Предвидена е изградба на бајпас во Елбасан, со цел да не се влегува во градот.

Релацијата Ќафасан – Елбасан во должина од 50,12 километри која се возеше за час и половина, со новиот автопат патувањето се скратува на 35 минути.