На 02.11.2024 година во 14.40 часот, кај месноста „Горица“ во близина на магистралниот пат Кичево-Охрид, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил „Шевролет Калос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лице на (53) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од лице на (29) од кумановското село Лојане.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на второто возило и сопатниците во првото возило лица на (55) и (63), двајцата од Скопје.
Со телесни повреди се здобиле возачот на првото возило и сопатник во второто возило. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи