четврток, ноември 21, 2024
АктуелноОхрид

Лице од Велмеј изгубил контрола на возилото и излетал на коловозна лента која е во градба на патот Охрид-Подмоље

На 02.11.2024 година во 09.05 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, патнички автомобил „Опел Корса“ со охридски регистарски ознаки, управуван од  лице роден (1975) од селото Велмеј, општина Дебрца, при престигнување на друго моторно возило, изгубил контрола и излетал на коловозната лента која е во изградба.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот  кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.. Еразмо“.

 

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.