четврток, ноември 21, 2024
АктуелноОхрид

Жител од Велмеј тешко повреден откако со автомобил излетал од патот

На 02.11.2024 година во 09.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса” со охридски регистарски ознаки, управувано од 48) годишен жител од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола над „Опел корсата” и излетал од патот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.