Во периодот од 25 до 27 Октомври волонтери од Црвен Крст Охрид учествуваа на работилници за врсничка едукација на млади на тема крводарителство.
️ Преку разновидни активности обуката им овозможи запознавање со крводарителството, неговите принципи како и на кој начин најдобро истите да ги пренесат на своите врсници.
Обуката беше заокружена со симулација на крводарителска акција која волонтерите самостојно ја организираа.
На оваа обука учество зедоа нашите волонтери Сара Петкоска и Арсениј Ѓоршески заедно со млади од другите општински организации на Црвен Крст.