Како што информираат од АД Илинден Струга во понеделник 4. 11.2024 г ќе има промена на сообраќајниот режим на патниот прваец Подмоље -Ќафасан.
Притоа сообраќајот ќе се одвива по новизградената девијација на потегот од кружниот тек Струга кон кружниот тек кон Ќафасан во близина на бензиската станица КМР, информира изведувачот АД Илинден Струга.