Викендов што помина на 26-27.10 2024 во Дуборник, Хрватска се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, каде учество имаа земено околу 500 натпреварувачи од осум земји. На овај натпревар М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски и , асистент тренерот Божидар Димитиревиќ , беше претставувана од тројца натпреварувачи од клубовите
ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга – Давид Крстески Пехар за најдобар јуниор 16-17 години 1 место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,-63 кг 1 место форми младинци У -18 , 16-17години , црн појас 1 дан ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид – Михаил Јоноски 2 место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,-75 кг 2 место форми младинци У -18 , 16-17години , 4-3 куп ТК “МАСТЕР” Охрид – Владимир Димитиревиќ 3 место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,-75 кг Иако преморени од претходниот викенд, нашите избраници дадоа се од себе и не израдуваа со добри резултати .
Давид Крстески беше незапирлив во совјата категорија и во форми и во борби со што беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои натпреваруваа во иста категорија во борби , на патот до златото беа немоќни против судиските одлуки. После само една недела после силниот натпревар во Нови Сад на “СРБИЈА ОПЕН 2024”, видно преморени и исцрпени и покрај училишните обврски, се гордееме што имаме вакви натпреварувачи кои го даваат својот максимум да ја претстават во најдобро светло Македонија .Кориситме прилика да изразиме најголема благодарност до нашиот Генералнен спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите наши успеси, Министерството за спорт и Општината Охрид , кои ги вреднуваат и ценат нашите успеси,изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф , МарјанчоЛазаревски.