сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за 28 годишно лице од Гевгелија – агресивно се однесувал и нападнал полициски службеници на Туристичка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Тој, на 29.09.2024 година во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија по што, физички ги нападнал. Истиот беше приведен и лишен од слобода.