ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице (47) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, на градежно земјиште на улицата „Туристичка“ во Струга, бесправно и спротивно на Законот за градење, изградил објект за домување.
Инспекциски надзор извршила и градежна инспекција при општина Струга која констатирала кршење на законските одредби.