АктуелноОхрид

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона

По завршувањето на туристичката сезона, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација
✅Контејнерите беа поставени наменски за време на туристичката сезона 2024 год., за полесно справување со комуналниот отпад кој се создаваше на тешко пристапните плажи на локалитетите Канео и Лабино, информираат од ова јавно претпријатие.