АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Младиот струшки пејач Методија Столески со македонска песна среде Солун

Македонска патриотска песна во Солун од страна на младиот стружанец Методија Столески. На видео кое е објавено Методија ја пее песната „Каде сте Македончиња“.

За тоа како дошло до овој настан Методија за Охрид1 открива дека учестувал на конференција за правата на македонците во Егејска Македонија, па сосема случајно некој човек му ја дал хармониката и побарал да отсвири песна.

Младиот стружанец Методија Столески својата музичка кариера ја започна како соло пејач а сега настапува заедно со групата „Седенка“.
-Настапувам со Група Седенка, одлични луѓе, пријатели, но пред се големи и врвни музичари. Групата брои 7 члена од кои и популарната пејачка Елена Андоновска. Можам да кажам дека побарувачката е голема, посебно за свадбените веселби преку сезоната а исто така и преку зимскиот период за Македонија и странство.