АктуелноОхрид

Лице од Струга со секира и закани им се спротивстваил на припадници од Шумската полиција

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.