АктуелноОхрид

(ФОТО) Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна

Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна. Ова многу значајно спортско игралиште, посебно за жителите на тој делот од градот, кое децении беше запоставено и напуштено ќе добие нов лик и за брзо сите фудбалски клубови и школи ќе можат да го користат.
Со предвидените активности ЈП “Билјанини Извори” со поддршка на Општина Охрид реализираше неколку припремни и земјени работи како и инсталација на современ систем на наводнување. Ви ги набројуваме само поважните активности кои се реализираа:
– расчистување на теренот
– механичка обработка на теренот со рото фреза
– ласерско порамнување на теренот
– машинско засејување на теренот и ѓубрење за прираст
– околчување на патека и ископ на канали
– инсталација на систем за наводнување
– инсталирање на зонски паметен контролер за наводнување со Wi-Fi.
ЈП “Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и поддршката при реализацијата на сите активности. Исто така ги замолуваме сите граѓани кои се движат во близина на фудбалското игралиште да внимаваат каде се движат бидејќи сеуште не се завршени сите предвидени активности,  информираат од ЈП Билјанини Извори.