На 21.10.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 45 годишен жител од Куманово, минибус „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60 годишен жител од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Л.(32) од село Ливада, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот од возилото „бмв“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник, 25 годишно лице од струшкото село Калишта, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.