вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Автомеханичар од Охрид, наместо поправка, вадел здрави делови од автомобилите и ги продавал

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 39 годишен Охриѓанец поради измама.

Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал автомобили од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила.

„Пријавениот, не ги иззвршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист“, објави охридската полиција.