АктуелноОхрид

Возило удрил во пешак на кеј “Македонија”

На 19.10.2024 година во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (19) удрило во пешак на (18)години  двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот , констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид При ударот било оштетено паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од  лице на (51) од Тетово.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.