АктуелноОхрид

Известување во врска со чествувањето на јубилејот „80 години слободен Охрид“

Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.

Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на големиот јубилеј „80 години Слободен Охрид“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, инстутуции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охрид (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на маил на Одделението за култура при Општина Охрид (kultura@ohrid.gov.mk).

Сите активности ќе бидат ставени во рамки една програма која ќе се објави најдоцна до 20-ти октомври 2024 година и јавноста ќе биде поканета да присуствува.

Целта на ова известување е да нема поклопување на настаните и локациите и сите заедно на ниво на град Охрид да подготвиме заеднчика Програма за достојно одбележување на Јубилејот „80 години Слободен Охрид“.