АктуелноОхрид

Охриѓанката Миа Танеска повторно највисоко на пиедесталот на “Плевен Опен 2024”

Викендов на 5-ти октомври(сабота), се одржа возбудлив Таеквон-до ИТФ натпревар за деца до 14 години во Плевен соседна Бугарија, на кој учествуваа околу 180 натпреварувачи (деца) од 22 клубови. Овој настан беше значаен и многу потребен за младите спортисти кои се натпреваруваа со голема страст и енергија. Нашата федерација се претстави со 4 натпреварувачи, предводени од претседателот на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) и националниот тренер, Саша Поповски носители на Црн појас 5-ти дан. Меѓу младите натпреварувачи, има што да се истакне:

• Миа Танеска минатогодишната шампионка од Плевен опен 2023, и оваа година доминираше во својата категорија во конкуренција од 13 натпреварувачки извојувајки 3 победи до врвот на пиедесталот, од кој во финале победувајки со технички нокаут со што покажа дека е една од најперспективните натпреварувачки во нашата федерација.

• Христијан Шибакоски трето место во борби во категоријата 10-11 години, -40 кг. Тој доминираше во своите борби но поради неговото искуство нажалост загуби во пулуфиналето од преставникот на Бугарија. Иако не сите успеаја да се искачат на победничкиот пиедестал, не смееме да го заборавиме и Давид Ристески, кој поради лошата настинка овој пат не се искачи на пиедесталот. Исто така, Даријан Китаноски покажа голема борбеност, но за жал загуби со тесно водство против својот противник во првата борба. Учеството на овај натпревар не би бил можен без големата поддршка од генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерството за спорт и Општина Охрид, на кои им упатуваме голема благодарност.