ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал.