АктуелноОхрид

Работилница на тема „Аспекти на активно стареење“ во ремки на Меѓународниот ден на старите лица

👵По повод Меѓународниот ден на старите лица, 1 Октомври, Црвен крст Охрид во соработка со Референтен центар „Жан Митрев Клиник“ – Охрид, денеска организираше работилница на тема „Аспекти на активно стареење“ со предавачот Татјана Ристова Димова, психолог, психотерапевт.
🗣Покрај тоа што проследија предавање на наведената тема, учесниците во работилницата имаа можност за активно вклучување преку вежби и преку размена на искуства.
🥰Црвен крст Охрид секоја година се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица со различни активности наменети за постарата популација, како и активности за јакнење на свеста кај општата популација за правата и за потребите на старите лица.