Денес го одбележуваме Светскиот ден на учителот!
Нека им е честит на сите оние кои не’ образувале нас, а и нашите деца.
Херојството на една ваква професија заслужува не само почит кон наставниците, туку и соодветна афирмација на трудот и на наклонетоста кон сржта на оваа професија.
Владата која беше предводена од СДСМ активно ги издигнуваше просветните работници на скалило на кое заслужуваат да се.
Оваа влада предводена од ДПМНЕ не само што ја прекинаа планираната низа на раст на платите туку донесе одлука за понижувачко и срамно усогласување од само 0,7%, што е минимални 200-300 денари.
И наместо од овој септември платите на наставниците да се зголемат за 12%, односно дополнителни 4.300 денари согласно новиот колективен договор за основно и средно образование, благодарение на слабиот интерес на Владата и ресорното Министерство за просветните работници, наставниците сега губат повеќе од 4.000 денари секој месец.
И згора на тоа, уште манипулативно кажуваатнаставниците дека нема пари за повисоки плати, а средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование за 2024 година.
На Денот на учителите, ДПМНЕ да им се извине што се уништувачи на нивната мотивација и потценувачи на нивниот труд.
Не постои Влада во светот која не вложува во силен мотивиран кадар како просветен работник, освен владата на ДПМНЕ.
Просветните работници заслужуваат почит од секоја една власт која и да е во државата, заслужуваат признание и награда од секој еден донесувач на одлуки, заслужуваат да бидат соодветно наградени за својот труд и влог во нашите деца. Ништо помалку од тоа. Затоа што тие ја создаваат иднината на оваа држава.