Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на која пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот, свети Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение – го изобрази Воскресението на Господа од мртвите. Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона, во Стариот Завет.
denovi.mk