АктуелноОхрид

Средба Мицкоски – Орбан во Охрид: Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово оствари куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

Орбан е во официјална посета на Македонија, а денеска ќе има и обраќање пред новинарите.

„Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“ по средбата со Орбан.