АктуелноОхрид

Повик до граѓаните за подарување архивски материјал во Државниот архив

Државниот архив на Република Македонија во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивските материјали што се наоѓаат во приватна сопственост.

Во таа насока, денеска ги повика сите граѓани кои имаат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарат на Државниот архив како институција која се грижи за колективната меморија и историското минато.

– На приватните иматели (или правни наследници) им се нуди можност да подарат архивски материјал кој е од особено значење за националната и локалната историја, како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. На подарениот архивски материјал во Државниот архив и неговите одделенија му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка како и негово користење за научни цели, се вели во соопштението од Државниот архив.