АктуелноОхрид

Започна 15 Меѓународна конференција на друштвото на физичари на Македонија

Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во  името на градот домаќин,  пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.

– Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверена сум дека преку презентациите на  научните согледувања и дебати, во текот на овие четири дена, ќе придонесете за подобро разбирање на светот, а науката ќе биде ставена во служба на човештвото и неговиот одржлив развој.

Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставале свои траги. Дел од тие траги видливи се и денеска и натаму предизвикуваат интерес кај науката, но и кај бројните домашни и странски туристи.Токму врз таа преплетеност на остатоците од минатото, културните и природните реткости,Охрид е претпознатлив во светот.

Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала мегународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО. Верувам дека и покрај обврските што ги имате на конференицијата, ќе најдете слободно време да уживате во магијата на нашиот град и да понесете драгоцени спомени – истакна Крстеска.

На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.