Наш ИзборНаш изборОхрид

Панел дискусија за аутизмот како предизвик за здравствените работници во Република Македонија во 21. век.

Наскоро во Охрид ќе се одржи панел дискусија за аутизмот како предизвик за здравствените работници во Република Македонија во 21. век.

Ќе учествуваат проф. д-р Владимир Трајковски и проф. д-р Филип Дума, а модератор на настанот ќе биде Александра Апостолова, дефектолог во Општа болница Охрид.

– Модерниот брз, стресен начин на живот станува предизвик за модерната современа медицина. Само со ентузијазам, тимско работење, голема емпатија, хуманост и знаење може нешто да се промени. Така се случи и оваа наша панел дискусија со најзаслужните професори кои заслужуваат посебна почит, со најдобрата фармацевска компанија Нобел Илач која покажа и докажа дека хуманоста постои. Испраќаме благодарност до Лекарската Комора која го акредитира овој сензитивен настан. Идејата за сето тоа ова да се случи ја помогна и Здружението на лекари Охрид кои ја препознаа нашата мисија за подигање на свеста и поголемо разбирање за аутизмот, вели Апостолова.

Панел дискусијата ќе се одржи во петок, на 27-ми септември, во хотелот „Unique“ во Охрид, со почеток во 15:30 часот.

 

 

ohridpress.com.mk