На 10.09.2024 во 22.50 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа Д.М.(19) од Штип.
При контрола на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.