Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на свети Потин, за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час, пак, ја брани од еретиците. Пострада за Христа во времето на царот Север, во 202 година, со илјадници други христијани, поточно деветнаесет илјади.