АктуелноОхрид

Донев: Со заложба на Владата на Република Македонија до зголемен број на туристи во Охрид!

 

Министерството за транспорт и врски изготви нови правилници за субвенционирање на авиопревозниците, кои правилници ги прифати Владата.

Со оваа одлука субвенција ќе се дава за пристигнати патници во Македонија, а не како претходно за патници кои летаат од Македонија. Дополнително се зголемува висината на субвенцијата и од 4.5 евра по патник сега ќе биде 12 евра за патници кои пристигнале на Охридскиот аеродром.

Тоа значи дека наредна година Охрид ќе го посетат зголемен број на странски туристи. Работиме посветено и со љубов за Охрид, пишува во својата објава пратеникот Сашо Донев.