АктуелноОхрид

Кривична пријава за 54 годишен Охриѓанец – во угостителски објект сопственост на пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин и тетрахидроканабинол

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишен жител од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.08.2024 полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и тетрахидроканабинол.

извор: СВР Охрид