петок, ноември 22, 2024
Uncategorized

ДЕН 6-OHRID WATER FESTIVAL 2024

Вкупно 90 натпреварувачи од САД, Украина, Турција и Македонија беа дел од спортскиот настан „Суп трки 2024“ кој се одржа вчера во водите на Охридското Езеро на потегот од Старото пристаниште до населбата „Канео“. Овој натпревар на вода се одржува по трет пат и е во организација на СУП клубот од Охрид.
🛶🖼️Во рамки на социјално-едукативната програма на фестивалот на платото пред хотелот „Палас“ вчеравечер се одржа Промоција на водени спортови и опрема. Исто така беше отворена и изложбата на фотографии „Видови риби во Охридското Езеро“ во организација на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“.
⛵На пригодна свеченост беа промовирани учесниците на „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“. На оваа важна спортска манифестација, која годинава се одржува на Охридското Езеро, ќе настапат 8 тимови со четиричлен екипаж од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија. Домаќини на ова европско натпреварување се Клубот за спортско едрење „Охрид Меч Рејс”.
✅Денеска на програмата се настаните:
➡️МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024
➡️Промоција на водени спортови
➡️Балканско јуниорско првенство на отворени води-Охрид 2024
➡️Промоција на рекреативно нуркање за деца
➡️Изложба: Подводниот свет на Охридското Езеро
➡️Доделување награди на Балканско јуниорско првенство на отворени води
➡️Промоција на пливачите учесници на „Охридски Пливачки Маратон“
➡️Музичка програма за најмладите со фестивалот Златно Славејче и концеротот Disney
www.ohridwaterfestival.mk, пишува градоначалникот во својата објава на ФБ.