Ми претставува особено задоволство и чест да Ве поканам на 37-то издание на најпознатата меѓународна пливачка манифестација во Македонија – Охридскиот пливачки маратон, кој е симбол на Охрид и Охридското Езеро.
Маратонот ќе се одржи во сабота, на 31-ви август и ќе започне во 11 часот на стартната локација „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид.
Оваа година маратонската трка на 25 километри е дел од престижната „LEN World Aquatics“. На маратонот ќе учествуваат 19 пливачи од 9 држави, од кои 11 во машка и 8 во женска категорија.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Ohrid Water Festival. Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
Ве очекуваме да бидете дел од оваа извонредна спортска манифестација, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.